• вторник, 24 декември 2024

Традиционална средба и саем на транспортните превозници

Традиционална средба и саем на транспортните превозници
Скопје, 1 октомври 2020 (МИА) -  На традиционалната средба и саем на превозниците што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на транспортната организација Макaм-транс ќе бидат презентирани предизвиците и последиците од пандемијата Ковид-19 во оваа дејност. За состојбата во транспортниот сектор ќе говори генералниот секретар на Макам-транс Билјана Муратовска, а искуства ќе споделат и претседателите на асоцијациите на превозници од Србија, Неџо Мандич и на Хрватска, Драгутин Крајнчец Според најавите, на средбата  ќе се обратат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски,  а осврт за мерките за стопанството ќе има Данела Арсовска, претседателка на Сојузот на стопански комори. Ќе биде потпишан меморандум за регионална промоција на мобилната апликација Makam-trans Communications со здруженијата од регионот, а потребата од нејзина промоција ќе ја претстави националниот координатор за гранично управување Владимир Пивоваров. Воедно ќе се одржи презентација за електронска распределба на меѓународни транспортни дозволи. лв/сп/

Остани поврзан