• сабота, 23 ноември 2024

Традиционална Семакедонска средба во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Трново

Традиционална Семакедонска средба во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Трново

Битола, 2 август 2023 (МИА) - Во потпелистерското село Трново, во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ претпладнево ќе се одржи традиционалната 52. Семакедонска средба, чиј домаќин и организатор е Матица на иселениците од Македонија.

Според програмата, поздравни обраќања на средбата ќе имаат градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, проф. д-р Наташа Котлар Трајкова и претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески.

Традиционално, на собирот во Трново, поздрави од Македонците во регионот и светот пренесуваат и претставници на македонски здруженија на граѓани, а за присутните е подготвена богата културно-уметничката програма во која годинава ќе учествуваат естрадните уметници Ламбе Алабаковски и Крум Спасовски и Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола, а рецитал за Никола Јонков Вапцаров ќе изведе артистот Петре Темелковски, најавија организаторите на Семакедонската средба која денес ќе се одржи во битолско Трново. мт/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан