• сабота, 23 ноември 2024

То Лам именуван за претседател на Виетнам

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Ханој, 18 мај 2024 (МИА) – Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан