• среда, 25 декември 2024

Тојота ја прекинува испораката на возила во Европа поради несоодветна сертификација на дизел моторите

Тојота ја прекинува испораката на возила во Европа поради несоодветна сертификација на дизел моторите

Токио, 29 јануари 2024 (МИА) - Јапонскиот автомобилски гигант Тојота денеска објави дека ја суспендира испораката на десет модели на возила поради несоодветна сертификација на нивните дизел мотори.

Меѓу тие возила, од кои некои се продаваат во Азија, Европа и на Блискиот Исток, се популарните Hilux pick up, Land Cruiser 300 4x4, Fortuner и LX500d SUV.

Водечкиот светски производител на автомобили е вмешан во огромен скандал со наместени тестови на подружницата Даихатсу, чие производство на возила е суспендирано од декември.

Денеска беше објавено дека за време на тестовите за сертификација, моќноста на трите дизел мотори била мерена со софтвер различна од онаа што се користи во нивното производство, па вредностите се разликувале. мс/

 фото: МИА архива

Остани поврзан