• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство по основ на потекло

Тошковски: Огромен е бројот на турски граѓани кои немаат одговор за добивање на државјанство по основ на потекло

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) -  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски од собраниската говорница истакна дека голем е бројот на апликантите со турско потекло на кои не им е одговорено од 2022 година до сега за добивање на државјанство по основ на потекло по изменувањето и дополнувањето на Законот за државјанство донесен во 2021 година.

-Точни бројки на жал не можам да ви дадам во овој момент. Станува збор за поголем бројка на апликанти на кои што не е одговорено во минатото од 2022 година па досега. Огромен број на апликации во минатото не биле решавани, не само за нашите иселеници со турско потекло, туку и за нашите иселеници со албанско, со македонско потекло. Јас сум министер од 2024 година. И ќе ви одговориме соодветно во писмена форма, доколку тоа е во ред. Морам да потенцирам дека во текот на вчерашниот ден, имав чест да имам еден работен состанок со амбасадорот на Република Туркије и морам да констатирам дека истиот беше многу задоволен од тоа како сегашната Влада пристапува по сето она кое што е од значење за Република Туркије, а особено се и граѓаните кои се чувствуваат за Турци и живеат во Македонија. И многу ми е жал што морам да констатирам дека кога ја преземав да ја вршам оваа функција особено во рамки на техничката Влада, покрај многуте други проблеми кошто ги наследив, наследив и една фактичка состојба која во однос на турската заедница навистина беше разочарувачка. Зошто? Заради тоа што немаше дури ниту обрасци за издавање на патни исправи на турски јазик, коишто државата согласно закон е должна да ги издаде, рече Тошковски одговарајќи на прашањето на пратеникот Бејџан Иљас од Турската демократска партија за информација за процесот за реализација на апликациите за државјанство особено по изменување и дополнување на Законот за државјанство и по основ на потекло донесен во 2021 година.

Тошковски смета дека треба да се решаваат сите проблеми кои се од интерес за граѓаните. Посочи дека во иднина треба да фокусираат на системски решавања на проблемите, а не само ад хок решение. фф/ац/

Фото: Принтскрин од видео

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан