• вторник, 24 декември 2024

Тошковски на Матка присуствуваше на обука за спасување на брзи води

Тошковски на Матка присуствуваше на обука за спасување на брзи води

Скопје, 26 март 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска на кајакарската патека на диви води на Матка присуствуваше на обука за спасување на брзи води и поплави.

Како што соопшти МВР, обуката е дел од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот Регион, во организација на Канцеларијата на УНДП во соработка со Грчката амбасада, а со финансиска поддршка на Владата на Швајцарија.

-Самиот проект од аспект на Министерството за внатрешни работи има двослоен ефект, прво заради неспорната корист од стручно оспособување на полициските службеници од САЕ „Тигар“ за постапување во такви специфични кризни околности, а второ заради бенефитот во делот на спасување на човечки животи кој има хумана и благородна димензија, информира МВР. 

Министерството им се заблагодарува на организаторите за конкретната поддршка и помош изразена во осмислувањето и реализацијата на овој проект, преку кој припадниците на МВР, како што наведува во соопштението, „ ќе се стекнат со квалитетни знаења и вештини како адекватно да одговорат во превенцијата и спасувањето на животи и материјални добра“. хс/лв/

Фото и видео: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан