Тошковски во посета на Турција: Можности за заеднички проекти и поддршка во процесот на модернизација на опремата и капацитетите
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е во посета на Турција денеска изјави дека како држава, мораме да инвестираме во современи решенија и сојузништва, што ја гарантираат нашата безбедност и ја унапредуваат позицијата на Македонија како кредибилен партнер во регионалните и глобалните безбедносни процеси.

Скопје, 23 јули 2027 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој е во посета на Турција денеска изјави дека како држава, мораме да инвестираме во современи решенија и сојузништва, што ја гарантираат нашата безбедност и ја унапредуваат позицијата на Македонија како кредибилен партнер во регионалните и глобалните безбедносни процеси.
Тшковски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски на покана на турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер учествуаат на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија - ИДЕФ 2025 во Истанбул.
Во рамки на саемот, како што соопшти МВР, Тошковски се сретнал со претседателот на Турската агенција за одбранбена индустрија, Халук Ѓоргун, со кого и претходно имал воспоставено конструктивна комуникација.
-Разговаравме за можностите за заеднички проекти и поддршка во процесот на модернизација на опремата и капацитетите што ги има нашата држава. Исто така, остваривме средба и со министерот Гулер, на која разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заеднички вежби и размена на експертиза, со цел зајакнување на безбедносната стабилност и подготвеност, нагласил Тошковски.
Министерот потенцирал и дека Турција е еден од најголемите и најдолгорочни пријатели на нашата држава.
-Како две сојузнички земји во НАТО, секогаш сме стоеле една до друга кога било најпотребно, во духот на солидарноста, стабилноста и заедничката безбедност, нагласил Тошковски.
Саемот, како што посочува МВР, бил отворен со свечена церемонија на која се обратил претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, испраќајќи силна порака за значењето на одбранбената индустрија како двигател на стабилноста, безбедноста и соработката меѓу сојузниците.
ИДЕФ претставува значајна платформа за размена на идеи, технологии и воспоставување соработка со сериозни меѓународни партнери од одбранбениот и безбедносниот сектор. ац/дма/
Фото: МВР