• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски во посета на Полициската станица за граничен надзор Сопот

Тошковски во посета на Полициската станица за граничен надзор Сопот

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициската станица за граничен надзор Сопот, која покрива дел од граничната линија на север со соседна Србија.

Како што соопшти МВР, при посетата министерот Тошковски одржа работен состанок со раководството каде беше запознаен со тековната работа, територијата на надлежност на станицата, кадровската пополнетост и состојбата со материјално-технички средства.

-Во оваа организациска единица има доволна опременост со моторни возила и во тој контекст бев информиран дека поседуваат едно ново возило со термална камера, а неодамна е извршена поправка и на другото возило кое е опремено со термална камера кое не било во функција од 2016 година и во наредниот период ќе се разгледа можноста истото да биде преземено во некоја од другите полициски станици за граничен надзор каде нема ниедно возило од овој тип, подвлече министерот.

Министерот беше информиран дека согласно обемот на работа кој го имаат, потребно е зајакнување со човечки ресурси бидејќи под нивна надлежност е и транзитниот центар за привремено сместување на мигранти кој се наоѓа во Табановце, стои во соопштението на МВР. нд/

Остани поврзан