• понеделник, 23 декември 2024

Тошковски: Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи

Тошковски: Викендов ќе бидат одобрени 20.000 лични документи

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - Викендов ќе бидат одобрени околу 20.000 барања за издавање лични документи, изјави мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска беше во посета на пунктот за фотографирање за лични документи во полициската станица Пролет во Скопје.

Како што соопшти МВР, министерот Тошковски изразил искрена благодарност до 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денеска, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи и благодарност и до сите останати колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план.

-Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денеска ќе бидат одобрени околу 20.000 барања, рече министерот Тошковски, стои во соопштението. вг/

Фото: МВР

Остани поврзан