Тотенхем сака да го добие Шкрињар
- Премиерлигашот Тотенхем започна преговори со Интер за дефанзивецот Милан Шкрињар.

Лондон, 23 септември 2020 (МИА) – Премиерлигашот Тотенхем започна преговори со Интер за дефанзивецот Милан Шкрињар.
Според новинарот Фабрицио Романо, 25-годишниот словачки репрезентативец е една од главните цели на тренерот на Спарс, Жозе Мурињо.
Италијанскиот клуб е подготвен да се раздели со играчот за 60 милиони евра. Тотенхем очекува клубот од Милано да ја намали цената.
Во сезоната 2019/20, Шкриниар настапи на 42 натпревара на сите турнири и забележа две асистенции. зс/