• сабота, 23 ноември 2024

Тотенхем плати 11 милиони евра за хрватски тинејџер

Тотенхем плати 11 милиони евра за хрватски тинејџер

Сплит, 25 септември 2023 (МИА) – Рекордни 11 милиони евра плати англискиот прволигаш Тотенхем за услугите на 16-годишниот дефанзивец на Хајдук, Лука Вушковиќ, јавија денеска хрватските медиуми.

-Со договорот за трансфер меѓу Хајдук и англискиот премиерлигаш Лука станува најскапо платен фудбалер на негова возраст во историјата, а официјално ќе биде регистриран за Тотенхем во 2025 година, соопшти хрватскиот клуб.

Хајдук не ја соопшти сумата која ќе ја добие како обесштетување за Вушковиќ, но според медиумите Тотенхем ќе плати 11 милиони евра за младиот дефанзивец.

Вушковиќ дебитираше за сениорскиот тим на Хајдук со 16 години и три денови во дербито против Динамо, а само три денови подоцна постигна гол за својот тим во натпревар од хрватскиот Куп со што стана најмлад стрелец во историјата на сплитскиот прволигаш. ег/мс/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан