• сабота, 23 ноември 2024

Тотенхем главен кандидат за нов клуб на Ракитиќ

Тотенхем главен кандидат за нов клуб на Ракитиќ
Барселона, 4 мај 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ може да го смени клубот во летен трансфер прозорец. Според Мундо Депортиво, 32-годишниот Хрват би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем. Англискиот клуб е главен кандидат за Ракитиќ. Претходно беше објавено дека Атлетико, Севиља и Јувентус се интересираат за играчот од средниот ред. Тековниот договор на Ракитиќ со Барселона истекува летото 2021 година. Познато е дека каталонскиот клуб не планира да го продолжи. Оваа сезона Ракитиќ настапи на 21 натпревар во Ла Лига за Барса и оствари три асистенции. зс/

Остани поврзан