• вторник, 17 декември 2024

Тортевски: Забележувам огромно трошење на народни пари од страна на моите противкандидати

Тортевски: Забележувам огромно трошење на народни пари од страна на моите противкандидати
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Твоја партија, Александар Тортевски на денешната прес-конфернеција упати критики до неговите опоненти, посочувајќи дека „трошат огромна сума народни пари и ја нарушуваат хигиената на градот со предизборните печатени материјали“. - Сакам да дадам едно кратко резиме на досегашниот тек на кампањата, тоа што го забележувам е огромно трошење народни пари од страна на моите противкандидати и би рекол и незаконско трошење. Повеќе од очигледно е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги добива од државата и граѓаните, ги користи за финансирање на кандидат којшто е наводно независен, рече Тортевски. Тој го повика неговите противкандидати да внимаваат на хигиената во градот. - Другите кандидати би ги повикал да водат сметка за хигиената на градот. Градот е преполн со флаери, влезовите, околу контејнерите... Очигледно се фрлаат огромни количини на хартија, што воопшто не зборува добро за сите кандидати, истакна Тортевски. Тој упати критики до медиумите, конкретно до ТВ21, бидејќи како што наведе целосно го промениле форматот на емисијата во корист на градоначалникот и кандидат за градоначаник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов. - Би сакал да укажам на некоректно однесување на некои медиуми коишто на закажани дебати, заради откажување на Данела Арсовска и Петре Шилегов, конктерно зборувам за ТВ21, го промени форматот на емисијата и во истиот термин, иако Петре Шилегов откажал дебата со другите кандидати, му дозволија наводна дебата со двајца наводно независни експерти со очигледно нарачани прашања и многу аплаузи и величење на неговите успеси во градот, потенцираше Тортевски. см/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан