Топло и ветровито, попладне дожд
- Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд,

Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со засилен северозападен ветер, особено во западните делови.
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје, слично време со појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени. ар/бак/