• четврток, 04 декември 2025

Топењето на мразот во Пакистан откри човек кој исчезнал пред 28 години

Топењето на мразот во Пакистан откри човек кој исчезнал пред 28 години

Исламабад, 20 август 2025 (МИА) - Во областа Кохистан, во Пакистан, овчар неодамна го открил телото на Насирудин, 31-годишен маж кој исчезнал во 1997 година за време на своето последно патување - низ долината Супат, објави порталот „Фосбајтс“ (Fossbytes).

Неговото семејство со десетлетија го барало исчезнатиот, но - без успех. Сега, совршено зачувано и недопрено 28 години во мразот, на неговото мртво тело сè уште била облеката, и негова лична карта. 

Научниците велат дека топењето на глечерите во Пакистан, предизвикано од климатските промени, открива и други, долго скриени останки и артефакти.

Наодот потсетува на други познати заледени откритија како што е Еци - „Ледениот човек“. И двата случаи се потсетник и за безбројните сè уште неоткриени човекови трагедии, но и за загрижувачки забрзаното повлекување на вечниот мраз ширум светот.  си/са/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок.

Остани поврзан