• петок, 22 ноември 2024

Том Хенкс преговара за улогата на Џепето во „Пинокио“

Том Хенкс преговара за улогата на Џепето во „Пинокио“
Лос Анџелес, 6 август 2020 (МИА) - Двојниот оскаровец Том Хенкс е во преговори со компанијата „Волт Дизни“ за улога во играната верзија на „Пинокио“, и тоа како дрводелецот Џепето. Класичната приказна е на писателот Карло Колоди, а цртаниот филм „Пинокио“ на „Волт Дизни“ излезе 1940 година. Новата преработка ќе ја режира Роберт Земекис. Тој и Хенкс заедно работеа на оскаровскиот филм „Форест Гамп“ од 1994 година и во уште два други филма. Сценариото е на Сајмон Фарнаби. Филмот е во претпродукција.  си/паг/

Остани поврзан