• среда, 27 ноември 2024

Том Хенкс не сака во вселената за 28 милиони долари

Том Хенкс не сака во вселената за 28 милиони долари
Лос Анџелес, 4 ноември 2021 (МИА) - Том Хенкс, како гостин во емисијата на Џими Кимел, откри дека Џеф Безос му понудил лет во вселената, но тој одбил поради цената. Водителот, всушност, го праша глумецот - дали навистина милијардерот му се обратил за летот пред понудата кон Вилијам Шетнер? - Па, да, под услов да платам. И, знаеш, ќе чинеше 28 милиони долари или така нешто. Добро ми оди, Џими, добро ми е. Но, нема да платам 28 милиони долари!, нагласи глумецот. - Знаеш, и сега, веднаш би можеле да го симулираме искуството со вселената. Тоа е лет кој трае околу 12 минути!? Па, тоа би можеле да го направиме и во нашиве фотелји овде. Меѓутоа, за тоа да потрошам 28 милиони долари!? Можам да го направам тоа и дома, рече Хенкс пред комично да го симулира искуството со летање. Прашан - дали би размислил да се качи на вселенски лет доколку е бесплатен, Хенкс одговори: - Можеби би го направил тоа за да уживам... Преправајќи се дека сум милијардер. Иако ја одбил поканата на Безос, гласините говорат дека Хенкс е меѓу познатите личности кои резервирале билет до 250.000 долари за комерцијален вселенски лет на турситичката компанија „Вирџин галактик“ на Британецот Ричард Бренсон.  си/сд/

Остани поврзан