• понеделник, 25 август 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Том Круз и Ана де Армас сликани заедно - се чини, веќе не ја кријат својата врска

Том Круз и Ана де Армас сликани заедно - се чини, веќе не ја кријат својата врска

Лос Анџелес, 30 јули 2025 (МИА) - Том Круз (63) и Ана де Армас сѐ почесто се забележани заедно во јавноста, па веќе се чини дека воопшто не ја кријат својата врска. Последниот фотонапис на таблоидот „ТМЗ“ говорат дека двојката е фотографирана при прошетка „рака за рака“ во американската сојузна држава Вермонт изминатиов викенд, што многумина го толкуваат како „официјална“ потврда за нивната врска.

Де Армас и нејзиниот 26 години повозрасен колега заедно глумат во нивниот прв заеднички филмски проект - трилерот „Подлабоко“ (Deeper), во режија на Даг Лиман. Ана, според наводите, се подготвувала за улогата цело лето, а извори блиски до двојката велат дека имаат одлична хемија и оти Том е „вистинскиот ментор за неа“, како што пишува списанието „Пипл“ (People).

- Дефинитивно работиме... Не само на еден, туку на неколку проекти со Даг Лиман, Кристофер Мекквори и, секако - Том. И навистина сум возбудена, рече Ана во една прилика.

Гласините за нив почнаа во февруари, кога беа видени заедно на вечера во Лондон, Англија. Но, и потоа, тие беа сликани заедно уште неколкупати - на прошетка за роденденот на Ана, на роденденската забава на Дејвид Бекам, на јахта во Шпанија и неодамна на концерт на „Оејзис“ во Лондон.

Самите глумци сѐ уште не ја потврдиле врската. Инаку, нивниот филм „Подлабоко“ e сѐ уште вo претпродукција.  си/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок.

Остани поврзан