• среда, 25 декември 2024

Томпсон се враќа на паркетот

Томпсон се враќа на паркетот
Оукленд, 20 јуни 2020 (МИА) - Sвездата на Голден Стејт, Клеј Томпсон, ќе може да се врати на паркетот и да тренира заедно со своите соиграчи за време на летниот тренинг камп на тимот. Бекот, кој ги скина лигаментите во левото колено во плеј-офот пред една година, доби дозвола од лекарите да продолжи со тренинзите, пренесува „Атлетик“. Стрелецот на „воините“ ја пропушти целата сезона, која беше целосен неуспех за Голден Стејт во секој случај. Тимот заврши последен во Лигата со биланс од 15-50 и ќе започне да се подготвува за следната кампања, додека другите екипи одлучуваат кој ќе царува во НБА оваа сезона.

Тагови

Остани поврзан