• понеделник, 23 декември 2024

Томовски: Сите службени возила ќе добијат обележани таблици, ќе воведеме и телефонски линии каде граѓаните ќе ја пријавуваат нивната злоупотреба

Томовски: Сите службени возила ќе добијат обележани таблици, ќе воведеме и телефонски линии каде граѓаните ќе ја пријавуваат нивната злоупотреба

Скопје, 20 ноември 2024

„Кога влеговме во СОЗР не најдовме ни малку поразлично нешто од другите институции. Начекавме хаотична ситуација, девастирани институции и начекавме демотивирани работници во СОЗР. Имаме три ресторани во Владата, Собранието и Клуб на пратеници, тие ресторани немаа основни намирници за непречено да функционираат секојдневно и штетни договори. Начекавме ресторани кои немаат фискални апарати“, истакна директорот на Служба за општи и заеднички работи при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски.

Томовски продолжи и додаде:

„Од 01.01.2024 година до 01.07.2024 кога практично СДСМ е на власт направиле промет од 73 илјади денари, толку имаат донесено по фискална сметка на СОЗР и сега за неполни четири месеци од 01.07.2024 до 01.11.2024 имаме промет од 585 илјади денари. Може да замислите што се се' случувало“, истакна Томовски.
Томовски  посочи дека од вкупно 120 возила во сопственост на СОЗР само 10 биле функционални.

„Ние како СОЗР ги опслужуваме сите вип личности со 45 шкоди секој три години се обновуваат на оперативен лизинг и имаме плус уште 120 возила кои се во наша сопственост на СОЗР. Кога го преземавме кормилото на службата функционираа 10, а останатите 110 возила не се грижеле и сервисирале воопшто од тие 110 ги ставивме барем 50% проценти во функција, а за останатите отпочната постапка за продажба според закон“, посочи Томовски.

Томовски укажа дека сите службени возила ќе добијат таблици и тогаш нема да има злоупотреба на службените возила. Заради таа намена ќе воведеме и телефонски линии каде ќе може да се пријавува злоупотреба, а ние соодветно да постапуваме после пријавите.

„Ние одлучивме да воведеме специјални таблици во боја, а регистарот паралелно да го работиме во текот на годината. Правилникот го имаме донесено и сега се чека на потпис на министерот за внатрешни работи. Тие специјални таблици бројат околу 6,500 за сите возила на територија на цела Македонија“, вели Томовски.

Томовски: Владините објекти седум години се оставени без имотни листови и без да се закова ниту една шајка

На вчерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ присуствуваше директорот на Служба за општи и заеднички работи при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски кој објаснуваше за владиниот имот кој е во сопственост на државата, кој како резултат на владеењето на претходната влада бил наследен во многу лоша состојба.

Томовски истакна дека затекнале државен имот во многу лоши услови како резултат на владеењето на претходната власт, исто така и прикажа докази за ситуацијата во вилата Лазарополе и вилата Свети Стефан.

 Директорот на СОЗР приложи факти покажувајќи фотографии за лошата состојба на објектите кои ги оставила СДС, и се она што е направено од страна на владеењето ВМРО-ДПМНЕ во овој краток временски период од неколку месеци.

„Имаме во сопственост наши објекти, имаме вила во Лазарополе, имаме вили во Охрид кои што се во доста лоша состојба. Ова е сето она што сме го направиле во овој краток период без финансиски импликации брз буџетот, со сопствени средства и без пари. Практично,  немало никаков пристап до вилата и ние овозможивме пристап и планираме во текот на 2025-2026 година комплетно целиот државен имот да го ставиме во функција да профункционира и да нема никаков проблем“, рече Томовски.

Томовски потенцираше дека државните објекти се оставени седум години без да се закова ниту една шајка од страна на претходната влада која не обезбедила ниту имотен лист.

„Не им се работело и не сакале да работат. Она што е уште пофрапантно е тоа што овие вили немаат имотен лист, не потегнале со години да го средат имотот на државата. Доколку сакате вие со овие вили да отпочнете некаква реставрација, реновирање и било каков градежен зафат мора да објавите тендер за проектирање со фирма со А лиценца и изведувач со А лиценца но, пред се тоа да го отпочнете мора да имате имотен лист. На овие не им се работело претходно, не почнале никаква постапка“, објасни Томовски.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан