• понеделник, 23 декември 2024

Толпа од 300 лица линчува тројца мажи, обвинети за киднапирање девојче во Мексико

Толпа од 300 лица линчува тројца мажи, обвинети за киднапирање девојче во Мексико

Мексико Сити, 8 декември 2024 (МИА) - Тројца мажи, обвинети за киднапирање на мало девојче, беа линчувани до смрт од толпа од 300 лица во село во државата Пуебла, соопштија мексиканските власти.

Инцидентот се случил вчера во Сан Хуан Амекак, каде што полицијата пристигнала откако мажите веќе не давале знаци на живот. Линчувањата станаа почести во Мексико, поттикнати од чувството на неказнивост и насилството поврзано со нарко-трговијата.

Експертите предупредуваат дека ваквите самоволни акти создаваат дополнителна опасност. Во јуни, сличен инцидент заврши со убиство и палење на четворица мажи обвинети за кражба на возило. ссм/

фото: архива

Остани поврзан