• среда, 25 декември 2024

Тодоров: Триумфот на Естонија ментално не разниша

Тодоров: Триумфот на Естонија ментално не разниша
Перм, 19 февруари 2021 (МИА) – Селекторот Александар Тодоров како клучни поенти за денешниот пораз од Русија (94:77) ги истакна лошата скок игра и изненадувачкиот триумф на Естонија над Италија, што психолошки негативно влијаел врз македонските кошаркари пред мечот со домаќинот на евроквалификацискиот турнир во Перм. -Имавме тежок меч, особено по она што се случи во првиот натпревар од денот, односно победата на Естонија над Италија. Го гледавме дуелот во соблекувална и видовме што се случи, па беше ментално тешко да се игра по тој резултат, зашто сега ни се потребни две победи. Исто така имавме проблем и со скоковите. За време на мечот загубивме и еден важен играч поради повреда. Ако ги сумираме сите статистички категории, со исклучок на скоковите и тројките, ние бевме во егал со противникот.“, оцени Тодоров на прес конференцијата по натпреварот. Македонскиот селектор додаде дека шанси за пласман на Европското првенство, иако минимални, сè уште постојат. -Мора да ги држиме главите горе и да се фокусираме на следните два меча, затоа што ќе ни бидат потребни две победи, изјави Тодоров. ег/ки/

Остани поврзан