• среда, 25 декември 2024

Тодоров со проблеми на плејмејкерската позиција

Тодоров со проблеми на плејмејкерската позиција

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, на еден ден пред натпреварот со Естонија од евро-квалификациите, се соочува со проблеми со повредени играчи.

- Задоволен сум што сме комплетирани веќе одамна така што успеавме да ги поставиме работите како што треба, да го организираме тоа што сакаме да биде наш стил на игра. Од тој аспект сум задоволен. Ме загрижуваат повредите на плејмејкерите Магдевски и Димитријевиќ, како и проблемите со некаква вироза која оддалечи некои кошаркари од тренажен процес. По вечерашниот тренинг ќе знам со кои 12 ќе истрчаме на теренот, изјави Тодоров на денешната прес-конференција.

Центарот Бојан Крстевски најави голема борбеност за остварување на победа на стартот на квалификацискиот циклус за ЕП 2021.

- Наше е да се бориме на сите натпревари и да го оствариме тоа за кое ќе се договориме однапред. Максимално борбена игра за да го постигнеме посакуваниот резултат, истакна Крстевски.

Средбата ќе се одигра утревечер од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски. зс/

Остани поврзан