• среда, 25 декември 2024

Тодоровски и Хајдари потпишаа договори со Работнички до 2023 година

Тодоровски и Хајдари потпишаа договори со Работнички до 2023 година
Скопје, 9 септември 2021 (МИА) - Фудбалскиот клуб Работнички ја продолжи соработката со двајца млади фудбалери, репрезентативец Димитар Тодоровски и напаѓачот Бујар Хајдари. Фудбалерот за врска Тодоровски го продолжи договорот за една дополнителна година. Тој е дете на клубот и останува „романтичар“ до јуни 2023 година. Напаѓачот Хајдари потпиша двегодишен договор со Работнички. - По заокружувањето на летниот преоден рок, клубот се фокусира на продолжување на договорите на сопствениот кадар. Продолжувањето на соработката со младите и талентирани фудбалери отсекогаш било цел на Работнички. Димитар Тодоровски е веќе докажан првотимец, дете на клубот и младински репрезентативец и ни претставува особено задоволство што ќе остане во клубот и во наредниот период. Бујар Хајдари исто така потекнува од нашата младинска академија и веруваме дека ќе се наметне со целиот потенцијал во претстојната сезона, изјави спортскиот директор на Работнички, Горан Станковски. Работнички в недела, во продолжението на првенствената сезона на арената „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Брегалница. зс/

Остани поврзан