• вторник, 24 декември 2024

Тихановскаја: На „Вагнеровците“ не смее да им се дозволи да ја користат Белорусија за криминални операции

Тихановскаја: На „Вагнеровците“ не смее да им се дозволи да ја користат Белорусија за криминални операции

 

Вилнус, 21 јули 2023 (МИА) - Лидерката на белоруската опозиција во егзил, Светлана Тихановска, денеска изјави дека не може да и се дозволи на приватната воена компанија „Вагнер“ да ја користи Белорусија.

Таа наведе дека „Вагнеровците“ не можат да ја користат нејзината земја како база за криминалните операции и повика на решителна меѓународна акција.

„Не може да им се дозволи на Пригожин и неговите „Вагнеровски“ насилници да ја користат Белорусија како база за нивните глобални криминални операции. Од Украина до Африка, нивната криминална трага вклучува масовни егзекуции, киднапирања деца и грубо кршење на човековите права“, напиша Тихановска на Твитер.

Таа додаде дека „оваа сериозна закана“ бара решителна меѓународна акција.

Тихановска во март беше осудена во отсуство на 15 години затвор под обвинение за предавство.

Опозициската лидерка побегна од Белорусија во Литванија откако се кандидираше на претседателските избори во 2020 година како главен конкурент на претседателот Александар Лукашенко. сд/

Остани поврзан