• понеделник, 23 декември 2024

Тихановскаја: Макрон да биде посредник за решавање на кризата во Белорусија

Тихановскаја: Макрон да биде посредник за решавање на кризата во Белорусија
Минск, 28 септември 2020 (МИА) - Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја го повика францускиот претседател Емануел Макрон да биде „посредник, кој е многу потребен“ за решавање на кризата во Белорусија. - Многу ни е потребен посредник за да го спречиме натамошното пролевање крв. Макрон би можел да биде тој посредник и да влијае врз рускиот претседател Владимир Путин, со кого е во добри односи, истакна Тихановскаја. Таа побара средба со Макрон, кој денеска и утре престојува во Вилнус. Главната противничка на Александар Лукашенко на изборите замина во Литванија веднаш по гласањето. Белорусија ја зафати политичка криза по претседателските избори, кога во земјата започнаа масовни антивладини протести, иницирани од официјалните резултати од гласањето, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 отсто гласови. гт/

Остани поврзан