• сабота, 27 јули 2024

Тиндер со нова опција за проверка заради сексуални напасници

Тиндер со нова опција за проверка заради сексуални напасници
Лос Анџелес, 26 март 2021 (МИА) - Платформата за познанства и љубовни состаноци, Тиндер наскоро ќе воведе можност за дополнително проверување на луѓето со кои се допишувате на оваа апликација. Како што објави „Мен'с хелт“, компанијата сопственик на Тиндер - „Меч груп“ се поврзала со платформата „Гарбо“, која се занимава со проверка на оние работи што вообичаено не може да ги најдете на социјалните мрежи, како што се евиденција за насилство или сексуална злоупотреба, апсења, пресуди, наредби за ограничување или задолжителна оддалеченост... Иницијативата за овој потег на Тиндер следи откако последниве години се забележани и пријавени поголем број насилници и силувачи корисници на платформата. Оваа опција најпрво ќе биде достапна во САД и, се верува дека наскоро потоа ќе биде достапна и во остатокот од светот. Инаку, „Меч груп“ веќе го користи тоа на други платформи што ги поседува - Хинџ, Океј-кјупид и Пленти-оф-фиш.  си/ссм/

Остани поврзан