Тим Скот, единствениот црн републиканец во американскиот Сенат, ќе се бори за номинација на партијата за претседател на САД
- Своето барање за кандидатура го достави до Сојузната изборна комисија.
Вашингтон, 19 мај 2023 (МИА) - Тим Скот, единствениот афроамериканец од Републиканската партија во Сенатот, денеска официјално ја поднесе својата кандидатура за номинација за претседателските избори во 2024 година.
Скот, кој пораснал во Јужна Каролина од самохрана мајка и живеел во сиромаштија како дете, честопати укажува на сопствената приказна како доказ дека САД се ветената земја. Своето барање за кандидатура го достави до Сојузната изборна комисија.
Во текот на кампањата, неговиот позитивен став и ставови беа остро контрастни со оние на другите декларирани и потенцијални кандидати, вклучително и поранешниот претседател Доналд Трамп и гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, кои ги прикажаа САД како земја што назадува, која треба да се спаси од контролата на корумпирана, левичарска елита. зш/
фото Википедија