Тимот на Шекил победник на НБА Ол-стар, Кари прогласен за МВП
- Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари е прогласен за МВП на НБА Ол Стар собирот во Сан Франциско.

Сан Франциско, 17 февруари 2025 (МИА) – Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари е прогласен за МВП на НБА Ол Стар собирот во Сан Франциско.
Победник на турнирот е тимот на Шекил О’Нил којшто во полуфиналето (42:35) го победи тимот на Тим Кендис, кој се пласираше на главниот настан преку турнирот „Ѕвезди во подем“ (42:35), а потоа во финалето го совлада тимот на Глобал Старс (41:25).
Кари имаше 20 поени во два меча, 10 скока, 2 асистенции и 3 украдени топки.
Најдобар стрелец на тимот беше ѕвездата на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум, кој постигна 21 поен (9 од 11 од поле и 3 од 5 надвор од лакот), вклучувајќи 15 во финалето. зс/
Фото: ЕПА