• вторник, 24 декември 2024

Тимот на „Ековита“ од Неготино со зелена иновација ќе го освојува Солун на бизнис форум

Тимот на „Ековита“ од Неготино со зелена иновација ќе го освојува Солун на бизнис форум
Неготино, 27 јули 2021 (МИА) - Тимот студенти на Здружението на граѓани „Ековита“ од Неготино со зелена иновација ќе го освојува Солун на бизнис форум, информираа попладнево од Здружението за МИА. Оттаму појаснија дека станува збор за проект за прекугранична македонско-грчка соработка, финансиран од Европската Унија, за соработка и натпревар меѓу младите од двете држави. -Младите од Здружението работат на проектот за биоразградливата амбалажа на производите, која  е иднината во амбалажирањето. Со оваа идеја, нашиот тим, Митко Јаначков, Кристина Тодорова и Ристе Јанев, победи на полуфиналето во Охрид и ќе ја претстави својата иновација на бизнис форумот во Солун,  кадешто заедно  со грчките натпреварувачи, ќе се претстават пред бизнисмени и бизнис ангели. Сето тоа во рамки на проект имплементиран од Прима поинт, заедно со партнери од Грција. Оваа зелена иновација претставува инвестирање во зелена иднина, со акцент на придонесот кон зачувувањето на здравата и чиста животна средина. Биоразградливата амбалажа во иднина  ќе го замени стиропорот, децидни се од „Ековита“. Оттаму појаснија дека најпрвин се натпреварувале околу 60 студенти. Имало селекција, па 30 добиле менторска поддршка. Сега 13 од нив ќе одат за Солун. Од Здружението исто така најавија дека во рамки на друг проект, екипата од Неготино ќе замине  на едномесечна обука во турскиот град Бурса во септември. свд/мд/

Остани поврзан