• недела, 23 февруари 2025

Тикток-совети: Восок од свеќа против бигорот на чешмите

Тикток-совети: Восок од свеќа против бигорот на чешмите

Лос Анџелес, 1 август 2023 (МИА) - Бигорот е чест проблем во бањата, кај туш-кабината и чешмите, поради вишокот минерали што се наоѓаат во тн. тврда вода, па тие тврдокорни дамки може да бидат доста тешки за чистење.

Но, како совет, „тиктокерката“ посветена на домашната чистота, Мерилин сподели видео и порача: „Животна лекција... Втријте восок од свеќа на Вашата славина. Водата веднаш ќе исчезне. Нема повеќе дамки од тврда вода“.

@mmarlo__5862 Works great! #fyp #homehack #lifehackstiktok #lifetipsandtricks #bathroomhack #iwastodayyearsold #cleaninghacks #cleaningtipsandtricks ♬ Makeba - Jain

На снимката се гледа како таа ја трие славината со обична свеќа. Потоа само го одмива восокот со чиста вода, истакнувајќи дека овој трик успева секогаш, и оти чешмата неизбежно останува олку сјајна и беспрекорна.  си/сд/

Фото: Тикток, фотоисечок. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан