• среда, 27 ноември 2024

„Тиквешки лозароовоштари" бара винариите да кажат колку грозје ќе откупат годинава и под кои услови 

„Тиквешки лозароовоштари
Кавадарци, 7 февруари 2022 (МИА) - Регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари" бара средба со претставници на винарските визби, со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопшти денеска Дане Јошев, претседател на здружението. - Бараме до петок да се одржи таква средба и да ни бидат исплатени заостанатите субвенции. Доколку тоа не се случи, после идниот понеделник, ќе излеземе на протест, дециден беше Јошев на прес - конференција. Тој појасни дека сакаат одговори од винарските визби колку грозје планираат да откупат оваа година, по која шеќерност, цени и услови за плаќање. Јошев повика да се решаваат континуирано проблемите на земјоделците. Да се обештетат за временските непогоди, мрзнење и суша. - Делуваме организирано сите земјоделци и затоа ние утре ќе дадеме поддршка на протестот на  оризопроизводителите,  најави Јошев на прес - конференцијата во Кавадарци. свд/цр      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан