• понеделник, 23 декември 2024

Тејлор Свифт стана милијардерка

Тејлор Свифт стана милијардерка

Лос Анџелес, 27 октомври 2023 (МИА) - Тејлор Свифт влезе во редот на милијардерите. Нејзината вкупна нето-вредност сега изнесува 1,1 милијарда долари, благодарение на турнејата „Ерас“ што соборува рекорди, објави „Блумберг“.

Според наводите, пејачката е една од ретките уметници кои достигнале милијарда само со музика и концерти. Крис Лејден, директор за маркетинг во „Ситгик“ (SeatGeek), смета дека „турнејата на Тејлор Свифт - „Ерас“ ја пишува „книгата за економијата на забавата“, истакнувајќи дека поп-изведувачката е „економски феномен“.

Покрај стадионите за концерти, пејачката доминира и во кината. Во првиот викенд, нејзиниот концертен документарен филм „Тејлор Свифт: Турнејата Ерас“ заработи околу 96 милиони долари на киноблагајните во САД и Канада, што го прави концертен филм со најголема заработка на домашен терен во неговиот премиерен викенд.

Турнејата „Ерас“ би можела да заработи 2,2 милијарди долари само од продажба на билети во Северна Америка, според истражувањето во август на истражувачката компанија „Квесчн про“ (QuestionPro). Таа сума ја претставува досегашната продажба на влезници за северноамериканските настапи, како и вториот дел што продолжува следната година, а што би ја направило турнеја со најголема заработка досега. Според некои стручни анализи во САД, тоа има битно влијание на целокупното американско стопанство. 

Пејачката објави во 2019 година дека има намера повторно да ги сними своите први шест студиски албуми откако нејзината поранешна издавачка куќа ги оспори и ѝ ги одзеде нејзините авторски права. Оттогаш, Свифт издаде „Тејлор“ верзии за неколку свои албуми. си/мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан