• петок, 05 декември 2025

Тејлор Свифт денеска го издава новиот албум

Тејлор Свифт денеска го издава новиот албум

Лос Анџелес, 3 октомври 2025 (МИА) - Засега последниот, 12-ти студиски албум на Тејлор Свифт - „The Life of a Showgirl“, излегува денеска. Премиерата ќе биде проследена со десетици забави низ целиот свет, а неговата главна естетска нагласка овојпат е светлопортокалова.

Поп-пејачката ја продолжува традицијата на „тајни кодови“ и „загатки“ во своите уметнички дела. Албумот е инспириран од нејзината рекордна турнеја „Ерас“, којашто ѝ донесе 2 милијарди долари од продажба на влезниците. Свифт го опиша тоа како „најрадосниот и најдраматичен период“ од нејзиниот живот, ветувајќи „вистински хитови“. На снимките се јавуваат и шведските продуценти Макс Мартин и Шелбек, кои работеа со неа на песните „Shake It Off“ и „22“.

Паралелно, предвидени се и кинопроекции на снимки од зад сцената и музички видеа, од коишто се очекува приходите да достигнат 50 милиони долари. „Танцувањето е по избор, но е препорачливо“, напиша Свифт на шега на својот инетрнет-простор.

„Шоугрл“ е веќе најпретплатениот албум во историјата на „Спотифај“, надминувајќи го рекордот на претходен проект на Свифт - „The Tortured Poets Department“. Меѓу уметниците-гости на албумот е и Сабрина Карпентер. Во САД, албумот ќе биде објавен и во специјални винилни изданија.  си/ссм/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан