• четврток, 15 мај 2025

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Велес, 20 април 2025 (МИА) – Четиринаесетгодишник денеска се здобил со тешки повреди откако паднал од мотор кај новите згради „Атлантис“ во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучик“ во Велес.

Од Итната медицинска помош за МИА информираат дека момчето се здобило со тешки повреди и по укажаната прва помош однесен е во Општата болница во Велес. 

Портпаролката на Општата болница Билјана Босилкова во изјава за МИА вели дека на момчето му се констатирани тешки повреди на главата и дека е во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредата е препратено на натамошно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје. ад/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан