• понеделник, 23 декември 2024

Тешко повреден работник и отруени животни во Кавадарци 

Тешко повреден работник и отруени животни во Кавадарци 

Кавадарци, 21 ноември 2024 (МИА) - Тешко бил повреден работник, а отруени биле и животни во Кавадарци, вакви пријави добила вчера кавадаречката полиција, информираа денеска од СВР Велес. 

- Во текот на вчерашниот ден во 11.00 часот во ОВР Кавадарци, од болницата во градот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен кавадарчанецот П.С.(40). Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во овој град. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Велес. 

Еден час подоцна, во 13 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улица „Дисанска“ во градот имало отруени животни. 

- Увидна екипа од ОВР Кавадарци излегла на местото и биле пронајдени две мртви мачки, за кои постои сомнение дека се отруени. По насоки на јавен обвинител бил извршен увид на лице место и се преземаат мерки за расчистување на настанот, додадоа од СВР Велес. свд/мд/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан