Тешко повредени тројца полицајци во судир со демонстранти во рафинерија кај Марсеј
- До судирот дојде во време кога француската Влада презеде репресивни чекори, со наредба да им наложи на работниците во рафинеријата да продолжат со работата. Протестот во рафинеријата е последниот пример за растечките социјални тензии поради плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање.
Марсеј, 21 март 2023 (МИА) - Тројца полицајци се тешко повредени за време на судир со демонстрантите во нафтената рафинерија на „Ексон Мобил“ кај Фос-сур-Мер, во близина на пристанишниот град Марсеј, соопшти полициската управа во Марсеј.
До судирот дојде во време кога француската Влада презеде репресивни чекори, со наредба да им наложи на работниците во рафинеријата да продолжат со работата. Протестот во рафинеријата е последниот пример за растечките социјални тензии поради плановите на претседателот Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање.
ТВ БФМ претходно емитуваше снимки од просторот на рафинеријата на кои се гледа чад од солзавец додека дел од демонстрантите повремено фрлаат предмети кон полицијата. сд/