• сабота, 06 декември 2025

Тешко повредена работничка во Скопје

Тешко повредена работничка во Скопје
Скопје, 22 април 2021 (МИА) - Со тешки телесни повреди се здобила Т.П.(64) од Скопје додека извршувала работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода. Како што соопшти МВР, Т.П. била донесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди. Од полициски службеници од СВР Скопје бил известен Трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот. мд/скс/

Остани поврзан