• сабота, 23 ноември 2024

Тешко повредена жена-пешак кај плоштадот во Тетово

Тешко повредена жена-пешак кај плоштадот во Тетово
Тетово, 10 октомври 2022 (МИА) - Тешки телесни повреди здобила 45 годишна жена откако била удрена од возило денеска околу 16 часот на улицата пред тетовскиот градски плоштад, информираат од СВР Тетово. Поради тешките повреди жената со возило на итната медицинска помош е однесена во Клиничката болница. -Денеска (10 октомври) околу 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Тодор Циповски-Мерџан во Тетово, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 68-годишниот тетовец Е.Г. удрило во 45-годишната З.Ј. (пешак) од тетовско Долно Седларце. Во несреќата пешакот З. Ј здобила тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош, информираше Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.ас/ир

Остани поврзан