• петок, 05 декември 2025

Тече пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон 2025

Тече пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон 2025

Скопје, 21 август 2025 (МИА) – Виз Ер Скопски маратон 2025 оваа година ќе се одржи на 5 октомври, а веќе се отворени вратите за сите оние што сакаат да бидат дел од најголемиот спортски настан во државата, бидејќи пријавувањето е во полн ек.

- Овој спортски настан со меѓународен карактер одамна не е само маратонска трка, туку симбол на нови почетоци, лична трансформација и заедништво, за поддршка на заедницата и за славење на спортскиот дух што обединува. Вистинските шампиони не го чекаат последниот момент – тие се пријавуваат навреме и подготвено излегуваат на патеката, со јасна цел и чиста енергија. Затоа што маратонот е повеќе од физички напор – тоа е израз на истрајност, дисциплина и инспирација. Под мотото „Трчањето ќе те промени“, сите учесници, без разлика дали се професионалци, рекреативци или дебитанти, имаат шанса да бидат дел од приказна која инспирира, соопштуваат организаторите на трката.

Во рамките на маратонот, учесниците можат да се пријават за класичниот маратон (42.195 километри), полумаратон (21.097 километри), штафетен маратон ЕУ за спорт и трката на 5 километри. 

Последен рок за регистрација на сите трки е 19 септември, а оние што ќе се пријават до 29 август ќе добијат на маица со логото на трката. 

- Ова е можност сите заинтересирани да го обезбедат својот стартен пакет навреме и да ја понесат уникатната маица што симболизира дека се дел од најголемата трка во земјата. Покрај тоа, името на стартниот број ќе биде испечатено за сите што ќе се пријават до 10 септември, а стартниот пакет за маратон и полумаратон содржи и 20 ЕУР вредносен ваучер од Wizz Air, торбица, бесплатни фотографии, медал на крај од трката, освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот и подарок од партнерите на маратонот, информираат од Виз Ер Скопски маратон.

Пријавувањето се врши исклучиво преку официјалната веб-страница www.skopskimarathon.com, каде секој заинтересиран може да избере трка, да добие информации за стартните пакети и да го резервира своето место на стартот. зс/

Остани поврзан