• вторник, 24 декември 2024

Техничкиот универзитет во Варна ги покажува своите најмодерни лаборатории на Отворените денови

Техничкиот универзитет во Варна ги покажува своите најмодерни лаборатории на Отворените денови

Варна, 1 април 2024 - Техничкиот универзитет во Варна, од денеска до 5 април, одржува Отворени денови за идните студенти од целата земја.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

За БТА од вишата школа прецизираат дека посетителите ќе имаат можност да ги видат најновите наставни лаборатории. Младите ќе можат да ги видат комплексите за навигација на бродови и симулатор на бродски мотор, симулаторот за борба против катастрофи и несреќи, како и оној за електрична опрема на бродовите. Тие ќе имаат пристап и до наставните лаборатории за ИТ и комуникациски технологии, роботика и мехатроника, обновливи извори на енергија.

Кандидатите за студенти исто така ќе можат да се сретнат со професори од различни специјалности и да ги поставуваат нивните прашања. Посетите на универзитетот се од 9 до 16 часот.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан