• петок, 27 декември 2024

Тетовскиот режисер Кондовски доби Гран при на Фестивалот за непрофесионален филм

Тетовскиот режисер Кондовски доби Гран при на Фестивалот за непрофесионален филм
Тетово, 8 октомври 2022 (МИА) - На Државниот филмски фестивал на непрофесионален филм што се одржува во Валандово, режисерот Глигор Кондовски од Тетово доби Златна плакета за режија и Гран при за документарен филм. Наградата е за документарниот филм „Белешка“ со времетраење од седум минути, во кој единствен актер е Миќо Стојчевски. -Темата на филмот е порзана со сите блиски луѓе кои ги изгубивме за време на пандемијата, а ги испративме недостоинствено без погреб и без последен поздрав. Филмот е избран да оди на Интернационалниот филмски фестивал УНИКА кој оваа година ќе се одржи во Италија, изјави режисерот Глигор Кондовски. Државниот филмски фестивал на непрофесионален (аматерски) филм по 51-ви пат се одржува од 7 до 9 октомври во Валандово. Во тамошниот Дом на културата вчера се одржа официјалната проекција на наградени филмови. Организатори на фестивалот се Кино сојуз на Македонија и Народна техника на Македонија. ас/мч/

Остани поврзан