Тетовка измамена за 3 000 евра, му платила на посредник, но не добила работна виза за Германија
- Жена (32) од Тетово пријавила дека била измамена од сограѓанин за сума од 3.000 евра. Во 2024 година таа се договорила со него да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија. Парите му ги исплатила во неколку наврати, но услугата не била извршена.
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Жена (32) од Тетово пријавила дека била измамена од сограѓанин за сума од 3.000 евра. Во 2024 година таа се договорила со него да ѝ посредува за добивање работна виза за Германија. Парите му ги исплатила во неколку наврати, но услугата не била извршена.
Како што информира МВР, случајот е пријавен вчера во 20:00 часот, во СВР Тетово. Жената и кажала на полицијата дека кога стапила во контакт со лицето-посредник и си ги побарала парите, тој почнал расправија, а подоцна бил недостапен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. мч/вг/
фото: МИА архива