• недела, 01 февруари 2026

Тестирање на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Охрид

Тестирање на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Охрид

Охрид, 27 јануари 2026 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Охрид денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Охрид.

Конкретно, ќе се проверува системот на автопатската делница Охрид-Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, во Општина Дебрца.

Предвидените активностите ќе се реализираат со почеток во 12 часот при што, на секоја локација со поставена камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот на овој патен потег, да покажат разбирање за неопходноста од планираните мерки, да ги почитуваат привремените ограничувања и насоките на полициските службеници со цел, безбедно реализирање на планираните активности. аб/са/

фото/МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан