• вторник, 22 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Терзиќ би можел да го замени Мурињо во Фенербахче

Терзиќ би можел да го замени Мурињо во Фенербахче

Истанбул, 9 јуни 2025 (МИА) - Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е меѓу кандидатите за замена на Жозе Мурињо во Фенербахче, пренесува „AS“.

Четириесет и двегодишниот Германец е во потесниот круг на турскиот клуб заедно со поранешниот тренер на Бешикташ, Серген Јалчин и Исмаил Картал, кој го предводеше Фенербахче пред Мурињо.

Претходно беше објавено дека Мурињо преговарал со раководството на турскиот клуб за раскин на договорот.

Мурињо е на чело на Фенербахче од летото 2024. Под негово водство тимот минатата сезона го освои второто место во турскиот шампионат.

Шеесет и двегодишниот Португалец се сретнал со претседателот на Фенербахче, Али Коч во Лондон, каде што разговарал за потенцијален раскин на договорот. Мурињо јасно стави до знаење дека нема да прави отстапки и ќе се согласи да си замине само доколку му бидат исплатени 15 милиони евра, сума што треба да ја добие до крајот на договорот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан