• петок, 08 ноември 2024

Теренска анкета на ИПСОС 2 дел за ВМРО-ДПМНЕ

Теренска анкета на ИПСОС 2 дел за ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 3 јануари 2022

Теренска анкета на ИПСОС 2 дел: Повеќе од половина сметаат дека Заев има лоши резултати како премиер, највисоки 64% сметаат дека владата не се бори против корупцијата, бизнисот е незадоволен од мерките

За потребите на ВМРО-ДПМНЕ агенцијата ИПСОС спроведе теренска анкета од 06 до 20.12.2021 година врз 1.023 испитаника на територијата на цела држава Република Македонија, запазувајќи ги демографските карактеристики.

Во истражувањето се вклучени повеќе прашања, а во прилог ви ги пренесуваме резултатите на дел од нив.

1. Како го оценувате досегашното работење на Зоран Заев како премиер на државата?

Лош резултат од работата 53%

Добар резултат од работата 29%

2. Како ја оценувате досегашната борба на Владата против корупцијата?

Незадоволителна 64%

Задоволителна 29%

3. Дали сте задоволни од пакетот мерки во економијата кој го донесе владата за справување со ковид кризата:

Незадоволни 55%

Задоволни 37%

Потсетување:

Во текот на вчерашниот ден објавивме дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на СДСМ од досега највисоки 9%, огромно мнозинство смета дека државата оди во погрешна насока, најголем проблем економија, мали плати, а високи цени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан