• сабота, 23 ноември 2024

Тен Хаг: Оптовареноста на фудбалерите со натпревари е неподнослива

Тен Хаг: Оптовареноста на фудбалерите со натпревари е неподнослива

Лондон, 29 септември 2023 (МИА) – Распоредот на фудбалски натпревари е сè погуст и играчите веќе не можат да го поднесат тоа преоптоварување, изјави денеска тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

- Секој пат кога календарот ќе се продолжи, оптоварувањето на играчите е преголемо. Многу мои колеги тоа веќе го истакнаа, и јас го истакнав, но бројот натпревари и натаму расте, изјави холандскиот стратег чиј тим е оптоварен од бројни повреди на почетокот на сезоната во Премиер лигата.

Тен Хаг потсети дека лани се одржа Светското првенство во екот на прволигашката сезона, и оти неговиот тим потоа имал долга сезона, а кратка пауза.

- Играчите веќе не можат да се носат со тоа оптоварување и тоа го гледаме во многу тимови во овој момент, посочи Тен Хаг. ег/ми/

ФОТО: Х

Остани поврзан