• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тен Хаг за поразот од младинскиот тим на Фламенго: Лошо, но не ми е грижа за резултатот

Тен Хаг за поразот од младинскиот тим на Фламенго: Лошо, но не ми е грижа за резултатот

Леверкузен, 19 јули 2025 (МИА) - Тренерот на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, се осврна на поразот од младинскиот тим на Фламенго (1:5) во вчерашниот пријателски натпревар.

- Резултатот е лош, но всушност не ми е грижа за резултатите во претсезоната. Секако, никогаш не треба да губиме со таков резултат, но за мене беше важно да не изгубиме ниту еден играч. Ќе беше подобро натпреварот да се игра подоцна, изјави Тен Хаг за „Билд“.

Овој натпревар беше прв за Баер под водство на холандскиот тренер Ерик тен Хаг, кој е на чело на тимот од 1 јули. 

Холанѓанецот претходно работеше во Манчестер јунајтед.

Во првото коло од Бундеслигата 2025/26, Баер ќе игра против Хофенхајм. Натпреварот ќе се одржи на 23 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан