• среда, 24 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тен Хаг: Баер не е заинтересиран за Ентони во моментов, но ќе видиме што ќе се случи во иднина

Тен Хаг: Баер не е заинтересиран за Ентони во моментов, но ќе видиме што ќе се случи во иднина

Леверкузен, 18 јули 2025 (МИА) - Тренерот на Баер, Ерик тен Хаг, ги коментираше гласините за интересот на клубот од Леверкузен за напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ентони.

- Тој има одлично ниво на вештина. Потпишав договор со него двапати. Тој ми беше како син и сè уште останува така. Не сме заинтересирани за него во моментов, но ќе видиме што ќе се случи во иднина, го цитира „Билд“ Тен Хаг.

Дваесет и петгодишниот Бразилец игра за Бетис како позајмен од јануари. 

Ентони одигра 26 натпревари за шпанскиот тим во сезоната 2024/25, постигнувајќи девет гола и пет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан