Тенискиот турнир во Индијан Велс ќе биде откажан
- Турнирот во март во Индијан Велс од Мастерс 1000 серијата во машка и женска конкуренција наскоро ќе биде откажан, објави новинарот на „Sports Illustrated“ Џон Вертхајм.

Индијан Велс, 7 декември 2020 (МИА) – Турнирот во март во Индијан Велс од Мастерс 1000 серијата во машка и женска конкуренција наскоро ќе биде откажан, објави новинарот на „Sports Illustrated“ Џон Вертхајм.
Раководствата на АТП и ВТА сега работат на адаптирање на календарите за 2021 година и минимизирање на негативните последици предизвикани од пандемијата.
Во 2020 година, Индијан Велс беше првиот откажан турнир поради коронавирус. зс/